Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска рече дека изјавата на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, според која Додик, пред почетокот на преговорите за членство на БиХ во ЕУ, мора да потпише изјава за лојалност кон државата Босна и Херцеговина, претставува тешко компромитирање на Германија и нејзините вредности.
Додик рече дека со „незаконското доаѓање во Босна и Херцеговина и лажното претставување Кристијан Шмит лично се обрукал“, додавајќи дека сè што подоцна направил и рекол Шмит, вклучително и таа изјава за лојалност, е тешко компромитирање на државата Германија и нејзините вредности.
– За 30 години се изнаслушавме глупости дури и од легални високи претставници, сега еве и од оние кои лажно се претставуваат. Не верувам дека Германија може … да трпи уривање на својот углед поради фактот што еден Германец не знае што да прави со себе, изјавил Додик за новинската агенција Срна, пренесе Бета. ј