Доктори од Клинички му аплаудираа на Орце Ѓорѓиевски – политика сред работен ден на Медицински кампус

Сцена од Медицинскиот кампус во Скопје отвори нова расправија за мешањето на кампањата со здравството: дел од доктори и професори среде работен ден излегоа да му аплаудираат на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој таму се сретна „на кафе“ со вработени од клиничките клиники и Медицинскиот факултет. Настанот, чиј снимки и фотографии кружат на социјалните мрежи, беше објавен и пренесен со оценка дека пациентите и студентите останале „покуси“ за време на политичката посета.

Ѓорѓиевски во својата објава им се заблагодари на „нашите вистински херои – докторите од Клиничкиот центар“, објаснувајќи дека разговарале за секојдневните проблеми и за тоа „како градот може да помогне“. Како први потези, ги вети регулирање на паркирањето околу кампусот, хортикултурно уредување на дворот и изградба на потпорен ѕид кај Детската клиника веднаш по преземањето на функцијата, доколку победи. „Заедно ќе изградиме достоинствено, современо и хумано Скопје“, напиша кандидатот.

Потегот отвори три клучни прашања. Првото е каква воопшто надлежност има градоначалник со неговите во ингеренции во здравството со оглед на фактот дека во случајов станува збор за терцијарно здравство, односно во прашање е клиничкиот центар во Скопје. Второто е етичко-професионално: дали и колку е прифатливо, среде амбулантски термини и наставни обврски, медицински кадар јавно да учествува во политички настани на самиот кампус. Третото е системско: дали проблемите што ги посочија – колапсот со паркирањето, кој патем министерот за здравство во неколку наврати на неколку прес конференции го прогласи како затворено прашање со обезбедување на паркинг места во реонот на комплексот „Дајмонд.

До објавата на овој текст, Клиничкиот кампус и надлежните институции не дадоа детално образложение за организациските правила во вакви ситуации, ниту временска рамка за интервенциите што се ветуваат.

Контекстот е подеднакво важен како и самиот настан. Клиничкиот центар со години е фокус на логистички метеж – недостиг од паркинг и хаотичен сообраќај, нерешени приоди за итни возила, проблеми со урбаното зеленило – што ја намалува ефикасноста на системот и ја зголемува нервозата кај пациентите. Токму затоа, клучен тест ќе биде дали ќе следи јавно усогласена мапа на одговорности со конкретни рокови – за да не остане посетата на нивото на предизборен ПР.

Реалноста е дека кампусот има итна потреба од функционален сообраќаен режим, јасен паркинг-модел (за вработени, пациенти, посетители), безбедни пешачки коридори и статички безбедни решенија околу падините и ѕидовите. Овие зафати чинат политички поени, но чинат и пари, дозволи и меѓуинституционална координација. Без нив, секое утре повторно ќе изгледа како денешниот метеж – со или без аплауз.

Зачлени се на нашиот е-билтен