Докторот на Дачиќ: Состојбата е непроменета, но стабилна

Здравствената состојба на Ивица Дачиќ е непроменета, но засега стабилна, изјавил д-р Спасоје Попевиќ, помошник-директор на Клиниката за пулмологија во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Изјавата е пренесена од српскиот јавен сервис РТС.

Според лекарската изјава, продолжуваат мерките на интензивно лекување, а ноќта Дачиќ ја поминал мирно. Попевиќ најавил дека нови информации за неговата состојба ќе бидат соопштени во 17 часот, освен ако претходно не се појават вонредни промени.

РТС објави дека Дачиќ е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, повикувајќи се на болнички информации и српски медиуми, наведува дека станува збор за тешка пневмонија, со респираторна поддршка и постојан лекарски надзор. Во истата објава се додава и дека придружните заболувања дополнително ја усложнуваат клиничката слика.

Зачлени се на нашиот е-билтен