Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Документарниот филм „20 дена во Мариупол“ премиерно во КЦ Бруталиск

Документарниот филм „20 дена во Мариупол“, украинскиот двоен кандидат за овогодишните оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, неделава ќе се прикажува во КЦ Бруталиск. Автор на филмот е Мстислав Чернов, добитник на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на Associated Press и Frontline.

„20 дена во Мариупол“ е филм за украински воени репортери од Associated Press затекнати во опсадата на најнастраданиот и речиси уништен град на истокот на Украина и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот. Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги забележат ужасните снимки за неговото уништување кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија.

По проекцијата во четврток 23.02.2024, во КЦ Бруталиск ќе се организира разговор по повод двегодишнината од руската агресија врз Украина со Сеад Ризвановиќ, новинар и воен аналитичар.

Инаку, авторот на филмот Чернов повеќе од десет години работи за Associated Press, покривајќи конфликти, општествени прашања и еколошки кризи во Европа, Азија и на Блискиот Исток.

„20 дена во Мариупол“, покрај освоената номинација за Оскар за најдобар документарец, е наградуван на десетици фестивали за документарни филмови, а на минатогодишниот Санденс ја доби наградата од публиката за најдобар документарен филм.

Распоред на проекции:

21.02 – среда 20ч.

22.02 – четврток 19ч.,

разговор со Сеад Ризвановиќ, новинар и воен аналитичар  – 20:30ч.

23.02 – петок, 19ч.

25.02 – недела, 20ч.

26.02 – понеделник 20ч.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново