Доларот во опасен пад. Еве колку падна американската валута и која е клучната причина за тоа
Американскиот долар падна за повеќе од 0,27 проценти во среда откако Конгресот не успеа да постигне договор за привремен буџет
Индексот на доларот, кој ги споредува перформансите на доларот во однос на шест други валути како што се еврото и јапонскиот јен, падна на 97,19 од 13:35 часот по Гринич (9:35 часот по источно време), објави агенцијата Анадолу.
Овој пад резултираше со вкупен пад од 10 проценти за 2025 година. Тоа е најголемиот годишен пад на вредноста на доларот од 2003 година, кога падна за 14,6 проценти.
Федералната влада на САД се „затвори“ на полноќ во среда, откако демократите во Конгресот одбија да го поддржат планот на републиканците за привремено финансирање на државните институции освен ако не добијат отстапки за здравствената заштита.
Републиканците, кои ги контролираат и Сенатот и Претставничкиот дом, ги отфрлија тие барања, а и демократските и републиканските предлози не успеаја во Сенатот непосредно пред крајниот рок.
Ова е првото „затворање“ од блокадата на крајот на 2018 година и почетокот на 2019 година, која траеше 35 дена, објавува Ројтерс.