Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Доналд Трамп и Џозеф Бајден, најстарите претседателски кандидати во американската историја

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска полни 78 години, што, според американски медиуми, е пресвртница што ќе ги потсети американските гласачи дека двајцата кандидати на претстојните избори се најстарите кандидати во американската историја.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Американците се позагрижени за возраста на актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, кој има 81 година, иако Трамп е само три и пол години помлад и доколку добие втор мандат, ќе да биде најстариот претседател што ќе биде инаугуриран.

Трамп за време на предизборната кампања експлицитно не прашал за годините на Бајден, туку, како што пренесуваат медумоте во САД – се обидувал да ја искористи секоја вербална грешка на противникот, како и бавното одење на Бајден.

Бајден одговори на прашањата за неговата возраст, велејќи им на гласачите дека треба да се фокусираат на она што тој го постигнал за време на неговиот мандат.

Тој, исто така, го опиша Трамп како закана за демократијата и ја критикуваше неговата „запалива“ реторика против имигрантите.

Демократите, исто така, изразија дека се загрижени дали Бајден ќе може да заврши уште еден мандат.

Во анкетата на Ројтерс/Ипсос од февруари оваа година, околу 78 отсто од испитаниците, од кои 71 отсто се демократи, рекле дека Бајден е премногу стар за да работи во владата.

Не е јасно колку возраста на претседателот ќе влијае на конечниот исход.
Првата телевизиска дебата меѓу Бајден и Трамп ќе се одржи на 27 јуни. 

Зачлени се на нашиот е-билтен