Достоинствено испратен Душко Чифлиганец

Попладнево во 14.00 часот, во храмот „Св. Јован Крстител“ во скопска Аеродром, семејството, пријателите и деловните партнери му оддадоа последна почит на прерано починатиот бизнисмен Душко Чифлиганец (1993 – 2025). Посмртните останки беа изложени во црквата чиј ктитор е токму семејството Чифлиганец, а опелото го предводеше Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

Со неговата смрт, македонската бизнис-заедница остана без едно од најветувачките млади имиња. Но визијата на Душко Чифлиганец – иновативна економија со човечен лик – ќе продолжи да живее преку проектите што ги остави зад себе и фондацијата што ќе ги поддржи идните претприемачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен