ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти

„Скандалот со една фирма со двајца вработени, која за 6 месеци добила тендери тешки речиси 9 милиони евра е потврда за тоа што го говориме“, велат од СДСМ

Од СДСМ со повик до, како што велат криминалната ВМРО-ДПМНЕ, дека пред да соопшти нешто во јавноста ‘најпрво да види во сопствените редови, имаат многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани’.

„СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење. Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други функционери на ДПМНЕ завршија на суд за криминал, корупција, прислушување и бројни злоупотреби“, велат од СДСМ..

Според СДСМ ‘Такви се нивните „редови“ и денеска. Истите шеми за испумпување на пари од граѓаните, истите местења тендери на фирми блиски до власта’.

„Скандалот со една фирма со двајца вработени, која за 6 месеци добила тендери тешки речиси 9 милиони евра е потврда за тоа што го говориме. СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја коруптивна шема на оваа власт и да ја брани државата од новите бандити. Работата сè уште не е завршена“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен