ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Од СДСМ велат дека 'народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува'

Социјалдемократите и денеска со порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, но овјпат дека повеќе нема да го повикуваат да ја потпише Резолуцлијата за мигрантите, бидејќи според нив ‘одбивањеето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.

Од таму велат дека ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има.

„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија. Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана. Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти“, велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека ‘народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува’.

Зачлени се на нашиот е-билтен