ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДСМ по повод скандалот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус +“. Според партијата, СДСМ била на власт седум години, од 2017 до 2024 година, и доколку имало какви било неправилности, тие требало да ги откријат и санкционираат. „Доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, тие не само што ќе ги затвореа луѓето, туку и ќе ги снимаа и омаловажуваа како Гордана и Миле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата додава дека на СДСМ му одговарале лица како Лидија Димова, а тоа, според нив, му одговарало и на поранешниот премиер Заев, кого, како што велат, парите од агенцијата можеби му помогнале да ја купи јахтата на Егејското море.
Претходно, СДСМ побара итна разрешница на Михајлов од позицијата в.д. директорка на Националната агенција „Еразмус +“, како и постапување на Обвинителството по наодите на ОЛАФ, со цел сите инволвирани во скандалот да одговараат.