Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Драма во ССМ, од никаде се појави поранешниот претседател Митревски – сакал да се врати на чело на Синдикатот

Нова драма се приреди пред домот на синдикатите. По долги години паузирање од јавни настапи, денеска закажа прес-конференција поранешниот претседател на Сојузот на Синдикати, Живко Митревски. Тој вели дека е нелегитимно разрешен и дека треба да се врати на претседателската позиција во Синдикатот, откако во 2017 година беше сменет со Дарко Димовски, а тогаш се случуваше драма, се спиеше по канацеларии, доаѓаше полиција, на висок тон се докажуваше дали изборот на нов претседател е легитимен.

Истовремено со него на пресот стигна и актуелниот претседател на Синдикатот, Слободан Трендафилов, за да го потсети дека тој не е претседател уште од 2017 година. Митрески пак, му возврати на Трендафилов дека тој не бил никогаш претседател на гранков синдикат, па така не може да биде претседател на Сојузот на синдикати.

-Министерството за труд носи решение со кое го одбива барањето за упис на Слободан Трендафилов за претседател на трговија, и со тоа и за в.д претседател, ама тој продолжува со активностите. Лажно се прикажува дека е претседател. Ние како чесни синдикалци ќе бараме покачување на платите, врз основа на закон – вели Митревски.

Трендафилов од зад него го праша што тој ќе направи за да им помогне на работниците, да им се зголемат платите, на што Митрески му одговори дека ќе бара решенија во рамките на законите.

-Да упатам јавна критика во делот на однесувањето на господин Трендафилов и замајувањето на јавноста за зголемувањето на платите. Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме тоа се направи во реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство – рече Митревски.

Актуелниот претседател на ССМ, пак, во изјава за медиумите рече дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

-Мене ми е многу жал што претседателот Митревски сè уште живее како да е 2017 година, 11 август, кога бил променет од функцијата. Од тогаш до денеска се поминати повеќе од шест години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, врз работниците ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни особено поради тоа што ССМ е единствениот репрезентативен партнер во оваа држава на работодавачите и на владата и особено поради тоа што во изминатиот период успеавме да покажеме дека не само со социјален дијалог туку и со штрајкови и со преговори и со блокади ќе успееме да го направиме тоа што го правиме најдобро за работниците, а тоа е зголемување на нивните плати – изјави Трендафилов.

Во декември, 2015 имаше неуспешен обид да биде сменет од четирите најголеми гранкови синдикати – Синдикат на индустрија, енергетика, рударство (СМЕР ), Управа правосудски органи и здруженија (УПОЗ), Синдикатот на одбраната и Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ). Во материјал кој што го имаа доставено до Министерството за труд и социјална политика тврдеа дека Мировски отворил втора сметка на која што доаѓале пари од странски организации и се сомневаа дека некој вршелел упади во самостојноста на дел од синдикатите и без одлука продавал имот на ССМ.

„Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски земал пари за сопствено осигурување и плус 13 илјади денари месечно за одвоен живот. Само во еден ден потрошил 100 илјади денари на една кафана бидејќи има неограничена репрезентација. Митревски без одлука на ССМ поотрошил 30 илјади евра за реновирање на сала која што не ја користи синдикатот. Внатрешноста на зградата ја опремил со видео надзор и ја озвучил. Неовластено и без соодветна одлука на ССМ, биле повлечени и 6 милиони денари од сметката на трговското друштво формирано од ССМ, Син- АГ на име добивка за 2013 и 2014 година“, стоеше во тој материјал, а седумте синдикати обвинија дека врвот на ССМ бил под влијание на Митревски, зад кои, како што рекоа тие, стои тогашната власт од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен