Драматично апсење во Белград: Интерпол ги фати двајцата најбарани „шкаљарци“

Српската полиција вечерва во Белград, постапувајќи по информации од Националното биро на Интерпол во Подгорица и Регионалниот центар за безбедност Центар, по неколкумесечно планирање и координирана акција ги уапси В.У. (32) и И.Т. (28), членови на високоризична организирана криминална група од Црна Гора, соопштија црногорската Управа полиције, а потоа и МВР Србија.

Како што пренесуваат „Вијести“, станува збор за Владимир Улама (32) и Игор Томашевиќ (28).

Според истиот извор, Владимир Улама е означен како член на барската ќелија на шкаљарскиот клан.

Специјалното државно обвинителство (СДТ) на Црна Гора тврди дека Улама бил дел од криминална група која, по наредба на сега покојниот Мило Радуловиќ, планирала повеќе ликвидации.

За уапсените, Националното биро на Интерпол во Подгорица има распишано меѓународни потерници.

Зачлени се на нашиот е-билтен