Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори дрон во близина на нуклеарната електрана во пограничниот регион Курск. Од остатоците на леталото избувна пожар на објектот, но е брзо локализиран и изгаснат. Нема пријавени жртви.
Според операторот, нивото на радиоактивно зрачење – и на индустриската локација и во околината – останува во нормални граници. Од ударниот бран и експлозијата е оштетен трансформатор, поради што еден од четирите реактори моментно работи со околу 50 проценти од капацитетот.
Електраната соопшти на „Телеграм“ дека пресретнувањето се случило по полноќ и дека противпожарните екипи реагирале веднаш. Мониторингот на системите продолжува, а производството во Курск се прилагодува на безбедносните процедури.