Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Друга песна е кога си на власт, сега учеството во гасната централа во Грција за Николоски е добра инвестиција

Потпишување на Меморандуми за учество во гасните проекти и инвестирање во Грција е одраз на незнаење и намера за уништување на енергетиката и економијата во Македонија, реагираше ВМРО-ДПМНЕ, откако претходната Влада го офизијализира учеството на Северна Македонија во проектот.

– Ова најверојатно е единствен случај во светот кога некоја Влада, која се соочува со нула инвестиции на сопствената територија и презадолженост, упорно се труди да инвестира над 120 милиони евра во друга држава. Додека сите влади упорно се борат да го зајакнат домашното производство на енергија, со цел да станат енергетски понезависни, нашата Влада се бори да нẻ задолжи со инвестирање во туѓи енергетски проекти, а инвестирање во гасниот терминал и гасната електрана во Александрополис не навестува ништо поволно, велеа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски пак денеска соопшти дека се планира изградба на гасен интерконектор со Србија по изградбата на гасна врска меѓу Македонија и Грција и дека е всушност добро што сме дел од гасната конекција со Грција.

„На овој начин ќе се изгради комплетен гасовод, кој ќе минува од Грција преку (Северна) Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа. Така, Македонија ќе заземе централно место во снабдувањето со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Исток и воена агресија во Украина, ќе значи уште повеќе за македонската економија“, посочи Николоски.

Николоски во Белград се сретна со српскиот министер за рудници, бизнис и енергија, Дубравка Једовиќ Хандановиќ и рече дека по изградбата на „Александропулис“ важен ќе биде надоместокот за транзит кој ќе го добива од други земји.

Тој најави и дека се очекува српскиот претседател Александар Вучиќ кон крајот на септември или почетокот на октомври да го посети Скопје.

Гасниот терминал „Александропулис“ е најдобриот епилог на ситуацијата во којашто се најде Македонија, како злоупотреба на руските потенцијали со енергенси како оружје во политиката и војната во Украина, отвори дополнителни суштински прашања за стратегијата на нашата земја во однос на сопствената енергетска независност како единствена исправна перспектива.

Проектот Александропулис кој опфаќа два мегаподпроекти – Гасниот терминал за ЛНГ, односно втечен гас од САД, Катар, Египет и други земји, и гасната електрана на „прстофат“ до терминалот со капацитет од 800 мегават часови којшто, според бизнис планот на инвеститорите треба да бидат завршени до крајот на 2024 година.

Гасниот терминал за ЛНГ во Александропулис во Грција

Северна Македонија беше поканета уште на стартот на овој голем проект, кој со 167 милиони евра е поддржан и од ЕУ, да биде содружник, односно акционер, и Владата на Ковачевски, откако претходниот премиер Заев ја започна постапката, ја продолжи до заокружување целата постапка со потпишаните меморандуми и изразени намери за учество.

Проектот Александропулис не е само гасниот терминал, и за количните коишто треба таму да се закупат, туку станува збор и за гасна централа како енергетски објект со капацитет од 800 мегавати којшто ќе биде завршен во 2024 година.

Гасниот терминал во Александропулис, почна да се гради во мајминатат година, АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот, односно за истото веќе е потпишан договор. Капацитетот на гасниот терминал  ќе изнесува 5,5 милијарди nm3, од кои АД ЕСМ односно Северна Македонија ќе закупи 10%, односно 500 милиони nm3 гас од вкупниот капацитет на терминалот.

Годишната потрошувачка на гас кај нас изнесува приближно 400nm3, што говори дека државата со обезбедувањето на таа количина од гасниот терминал Александропули и со интерконекторот со Грција ќе обезбеди трајна и безбедна набавка на неруски гас, односно ќе се реши зависноста од гасот на Гаспром, односно Русија.

Ова е важно и заради фактот што побарувачката ќе се зголемува, ако имаме предвид дека во развојната програма на АД ЕСМ е зацртана изградба на гасна електрана во кругот на РЕК Битола, гасна електрана во Енергетика-Скопје, можна пренамена на ТЕЦ Неготино од мазут на гас или изградба на целосно нова гасна електрана до постоечката во Неготино.

Со оглед на местоположбата што ја имаме како држава и поставеноста на своевидна крстосница, со нашето учесттво во Александропули се отвора и можноста преку Северна Македонија, со дополнителни интерконектори да се реализира снабдување и на земји, пред сѐ Албанија и Косово, и на тој начин како држава да оствариме значителна заработка.

Најново