Државна матура 2025: матурантите со просек 3,69

Оваа година 15.004 средношколци се пријавија за државната матура, а просечната оценка по завршените испити се искачи на 3,69, во споредба со минатогодишните 3,26. Најголем дел од учениците полагаа во амфитеатри и факултетски предавални, без масовни препишувања кои ги одбележуваа претходните сесии, соопштија министерката за образование Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Даниела Михајловска.

Само 3 % од пријавените не се појавија на испит, додека 172 ученици се отстранети поради обид за препишување. Во ДИЦ се поднесени 507 приговори, а 75 матуранти направиле увид во тестовите.

Клучни показатели:

  • Мајчин јазик: 3,68 (лани 3,37)
  • Англиски јазик: 3,65 (лани 3,06)
  • Математика: 4,14 (лани 3,73)
  • Француски: 4,67 (лани 4,47)
  • Германски: 4,42 (лани 4,33)
  • Естетика: 4,93 (лани 4,63)
  • Филозофија: 3,71

Следниот рок за оние што не положија ќе почне на 12 август (мајчин јазик) и ќе продолжи до 26 август со останатите предмети, интерни испити и одбрана на проектни задачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен