Државни патишта: се мапираат „црни точки“, нова сигнализација на Градско–Прилеп

Директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, најави дека службите веќе ги детектираат „црните точки“ на сообраќајниците и дека институцијата е во постојана координација со МВР за подобро означување на ризичните делници. Тој апелира до возачите внимателно да ја следат сигнализацијата, особено во периоди на зголемен сообраќај и високи температури.

Осврнувајќи се на експресниот пат Градско–Прилеп, каде што за неколку месеци од пуштањето има пет жртви, Трајановски најави поставување нова, подобрена сигнализација. Проектот, вели, е изготвен и доставен до Министерството за транспорт, а по негово одобрување ќе почне имплементација со цел да се намали бројот на незгоди и жртви на оваа делница.

Зачлени се на нашиот е-билтен