Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дуда: По победата над Русија, Украина треба да потпише мировен договор со Москва во Перејаслав

Анджеј Дуда

По победата над Русија, Украина треба да потпише мировен договор со Москва во Перејаслав, каде Хетман Бохдан Хмелницки склучил мировен договор со московското царство уште во 1654 година, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда на средбата со полската дијаспора во Латвија во вторникот, јави дописникот на Укринформ.

-Еднаш, не толку одамна, му реков на украинскиот претседател Володимир Зеленски: Володимир, гледајќи ја нашата историја, како овие патишта некогаш се разделија, те замолувам – кога ќе ја победиш Русија, кога Русите ќе дојдат овде на колена да потпишете мировен договор, однесете ги кај Перејаслав. Нека потпишат мировен договор со вас таму. Нека ги избришат со ова сите тие години советско и руско влијание, рече Дуда.

Тој истакна дека Полјаците, како и балтичките земји, ќе ги поддржат Украинците и заедно со нив ќе изградат заедничка европска иднина.

Дуда рече дека Полска, заедно со Латвија и другите балтички земји, активно ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руските напаѓачи. Тој исто така додаде дека благодарение на оваа поддршка, Украинците ќе го поразат непријателот.

Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира