ДУИ ги откажува активностите по нападот врз д-р Шахини, бара итна реакција

ДУИ ги откажува активностите по вооружениот напад во Куманово, во кој беше ранет нивниот кандидат и носител на листа во Липково, д-р Зекирија Шахини. Партијата го осуди „варварскиот чин на насилство“ и побара од МВР и Јавното обвинителство итна и целосно транспарентна реакција за идентификација и приведување на сторителите. Во соопштението се наведува дека Шахини е надвор од животна опасност и дека активностите се паузираат „во знак на солидарност“.

ДУИ апелира до симпатизерите и граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации, додека институциите да преземат конкретни чекори за враќање на довербата и безбедноста на теренот. Од партијата истакнуваат дека очекуваат брза институционална постапка и јавно информирање за резултатите од истрагата.

Зачлени се на нашиот е-билтен