Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ и ВРЕДИ се искараа за розите од 15.000 евра во МЕПСО

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги критикуваше работењето на МЕПСО и на неговиот директор Бурим Латифи, наведувајќи дека тој неодговорно потрошил над 1.000.000 денари или 15.000 евра за хортикултурно уредување. Станува збор за купени  калемени рози по 9.000 денари за парче.

„Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој, наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за хортикултурно уредување, или народски кажано, купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари“, се наведува во изјавата на претставник на ДУИ на прес-конференција.

ДУИ истакнува дека новиот директор е братучед на Изет Меџити.

ДУИ ги повика институциите да реагираат веднаш и најави дека ќе ги следи на дневна основа „сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење“ и дека ќе известува надлежните органи за сите злоупотреби.

Тие велат дека јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок.

„Потребата за ваква набавка е наведена во планот на јавни набавки за 2024 г., истата е објавена во месец мај а одлуката за избор на најповолна понуда е донесена на крајот на јули од страна на менаџерскиот тим во заминување. Бидејќи постапката беше во финална фаза, а соочени со можноста од правни последици, АД МЕПСО ја потпиша истата.

Инаку станува збор за рамковна спогодба склучена за временски период од 12 месеци што значи дека не постои обврска за искористување на средствата. Како нов менаџерски тим цениме дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за истата нема да се доставуваат нарачки. До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата.

Оттука цениме дека денешната прес конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села, компанијата да ја вовлече во партиски препукувања.

Ја повикуваме јавноста да ја следи реализацијата на набавката преку електронскиот систем за јавни набавки затоа што јавноста има право да знае како се трошеле и трошат средствата на компанијата која е во државна сопственост.

Инаку ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и таму каде што не било неопходно при што за оваа намена буџетот е пречекорен за околу 10 милиони денари“, велат од МЕПСО.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново