Итно да се формира собраниска комисија со меѓународен мониторинг за истрага на селективната правда во справувањето со трагедијата во Кочани.
Пратеничката група на Европскиот фронт денеска и официјално ќе побара формирање на посебна собраниска комисија која ќе го истражува селективниот и пристрасен пристап на правосудниот систем контролиран од владата во справувањето со трагедијата во Кочани.
Оваа комисија треба веднаш да се формира и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на Соединетите Американски Држави и земјите членки на Европската Унија како набљудувачи со цел да се гарантира правична, независна и транспарентна истрага.
Селективната правда го шокираше секој граѓанин на оваа земја и создаде невидена ситуација која ги загрозува темелите на владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите.
Неработењето или политичкото инструментализација на правдата за тесни цели ги нарушува не само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.
Пратеничката група на Европскиот фронт денеска ќе поднесе официјално барање за ова прашање и очекува Собранието да постапи со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независна, веродостојна и сеопфатна истрага.
ДУИ останува цврсто на заложбите за заштита на правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото во државата.