„Слободата на изразување и безбедноста на новинарите се темел на секое демократско општество, а секој обид за нивно нарушување претставува директен удар врз демократијата во земјата, посочува во соопштение Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бараме од Министерството за внатрешни работи и надлежните институции веднаш да ги откријат сторителите и нарачателите на овој криминален акт, испраќајќи јасна порака дека никој не е над законот. Секое одложување или обид за прикривање на случајот ќе се сфати како соучесништво и како неуспех на институциите да ги заштитат граѓаните и слободата на говорот“, пишува во партиското соопштение.

ДУИ нагласува дека изразува целосна солидарност со новинарот Насер Селмани и ја поддржува неговото право да работи слободно, без страв и притисоци.
„Ние цврсто стоиме рамо до рамо со секој новинар и интелектуалец кој има храброст да ја каже вистината и да го брани јавниот интерес. Ваквите напади не заплашуваат само еден поединец, тие имаат за цел да ја заплашат целата јавност. А тоа нема да се дозволи“, порачуваат од ДУИ.