Во Шри Ланка денеска се одржуваат избори, што ќе одредат дали гласачите во јужноазиската островска држава ќе го поддржат нивниот нов, левичарски претседател Анура Кумара Дисанајака да ги промовира своите политики против сиромаштијата.
Малку повеќе од 17 милиони гласачи во Шри Ланка имаат право да гласаат на парламентарните избори за следниот петгодишен мандат на парламентот, кој има 225 пратеници.
Рекордни 690 политички партии и независни групи се во борба во 22 изборни единици.
Eкономијата беше уништена од кризата во 2022 година, предизвикана од сериозен недостиг на девизи при што бележеше намалување од 7,3% во 2022 година и 2,3% лани.
Засилена со спасувачката програма од 2,9 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд, економијата започна привремено закрепнување, но високите трошоци за живот се уште се критично прашање за многу гласачи, особено за сиромашните.
Дисанајаке, исто така, има за цел да ги измени целите поставени од ММФ за да го заузда данокот на доход и да ослободи средства за инвестирање во благосостојба за милионите најтешко погодени од кризата.
Но, инвеститорите се загрижени дека неговата желба повторно да ги разгледа условите на спасувачката програма на ММФ може да ги одложи идните исплати, што ќе го отежне Шри Ланка да ја достигне клучната цел за примарен суфицит од 2,3 отсто од БДП во 2025 година, поставена од ММФ.