Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дурмиши со нови изговори : За да се зголеми минималната плата мора да се слушне гласот и на бизнис секторот

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во телефонско јавување за Стадион истакна дека не треба да се брза и дека ССМ треба да причекаат со барањето за покачување на минималната плата, истото според усвоената методологија секако ќе се случи во март наредната година.

Поднесено е до Влада барањето да се конституира економско-социјалниот совет. Според закон минималната плата ќе се зголеми следната година во март. За да има зголемување на минималната плата претходно како што бараат синдикатите, треба да се направи смена на законот, а за тоа треба зелено светло од економскиот-социјален совет, значи најпрво треба да се формира тој совет, вели Дурмиши.

Дециден е дека сите одлуки мора да се носат откако претходно ќе се слушнат барањата на сите инволвирани страни, а не само на работниците.

Одлуките мора да се носат со консензус и мора да се слушнат барањата и на работниците и на бизнисот. Сепак компаниите се тие кои ги креираат работните места. Мора да се носат мерки кои ќе значат раст и развој на економијата и отварање на подобро платени работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните, нагласува Дурмиши.

Зачлени се на нашиот е-билтен