Два грчки и еден италијански канадер вклучени во гаснење пожари во Албанија

Како што изјави министерот за одбрана Пиро Венгу, по посетата во болница на тројца пожарникари, кои се затруја додека се бореа со пожарот во Дукат, Албанија го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита.

„По барањето за помош од Албанија, два авиона „Канадер“ пристигнаа од Грција, која беше  прва што  испрати  помош во борбата за гаснење на пожарот, кој беснее со денови“, објавија медиумите.

Двата авиона што беа веднаш активирани во жариштето на пожарот што е активен во Дукат  станувајќи дел од операцијата за гаснење на пламените јазици што го загрозуваат и Националниот парк Љогора.

Дополнително попладнево во гаснење на пожар вклучен е и еден италијански канадер.

Поради судниот период во земјата дневно се регистрираат во просек по 25 пожари, во чие гаснење вклучени се противпожарни единици, вклучени се и армиски сили.

Најчесто според властите тие се подметнати, за што приведени се повеќе лица. Минатата година, главно во летниот период регистрирани беа над 1100 пожари.

Зачлени се на нашиот е-билтен