Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Два нови терминали за течен гас за задоволување потребите на Германија и за ослободување од зависноста од Русија

Два дополнителни пловечки терминали за течен природен гас (LNG) се очекува да бидат оперативни во Германија пред зимата.

Портпаролот на владината оперативна компанија Deutsche Energy Terminal (DET) изјави за ДПА дека се прават последните подготовки во објектите лоцирани во близина на брегот на северното пристаниште Вилхемлсхавен и на реката Елба во близина на градот Стад.

Германија го забрза развојот на терминалите за ЛНГ на бреговите на Северното и Балтичкото Море по руската инвазија на Украина, што го натера Берлин да се обиде да ја намали својата зависност од рускиот гас.

Неколку пловечки терминали се веќе во функција – во Вилхелмсхавен, во близина на устието на Елба во Брунсбител и на источниот остров Риген – но долгорочната цел е да се изградат објекти на копно.

Министерот за економија Роберт Хабек неодамна рече дека Германија е добро подготвена за претстојната зима, со капацитети за складирање гас доволно исполнети, делумно благодарение на капацитетите за ЛНГ.

Двата нови терминали првично требаше да бидат завршени до првата половина на 2024 година, но беа одложени до крајот на годината поради проблеми со снабдувањето.

За разлика од првиот пловечки терминал за ЛНГ во Вилхелмсхафен, кој е оперативен од почетокот на 2023 година во постоечка постројка за претовар на хемиски стоки, новата локација се развива на наменско пристаниште без директно прицврстување на копното.

„Работата на објектот напредува со полна брзина“, изјави портпаролот на ДЕТ, додавајќи дека последните чекори вклучуваат обезбедување врски меѓу темелните структури вградени во морското дно, како и обезбедување на снабдување со електрична енергија.

Во Стад, западно од Хамбург, бродот Енергос Форс се претвора во пловечки терминал. Портпаролот на ДЕТ рече дека понатамошната работа на бродот мора да биде завршена пред терминалот да почне да работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново