Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дваесет и тригодишен битолчанец се обидел да силува две девојки, се бара притвор

Основното јавно обвинителство од Битола покрена постапка против 23-годишен осомничен за полов напад врз две млади девојки, за кој е одредена мерка притвор.

Обвинителството во Битола до надлежниот суд поднесе барање за притвор на 23-годишник, осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување, според член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постапката е покрената откако тој, во два одвоени инциденти, на 9 септември и 7 ноември, полово нападнал две девојки и почнал да ги допира. Во двата случаи, жртвите успеале сами да се одбранат, по што осомничениот избегал од местото на настанот, соопштија од Републичкото јавно обвинителство.

Од обвинителството истакнуваат дека, поради природата на делото, кое се однесува на половата слобода и морал, и постоењето индиции дека осомничениот би можел повторно да изврши слични напади доколку остане на слобода, јавниот обвинител предложил мерка притвор, која е прифатена од страна на Судот.

Зачлени се на нашиот е-билтен