Двајца 30-годишни од Скопје пронајдени починати во викендица во Гостиварско

Двајца мажи на возраст од по 30 години од Скопје се пронајдени починати во викенд-куќа во гостиварското село Горна Ѓоновица, соопшти полицијата.

Според пријавата, на 8 јануари 2026 година околу 23:45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во викенд-куќата се пронајдени починати Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телата се дадени на обдукција, која треба да ја утврди причината за смртта. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Зачлени се на нашиот е-билтен