Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција ја информираше јавноста дека уште тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата. Од нив двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија.
Алиу рече дека пациентите кои се лекуваат во странство во моментов се во стабилна здравствена состојба.
Во нашата држава, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, здравствено биле стабилни.
Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“.
Алиу додаде дека редовно се следи состојбата на сите пациенти.
Според Алиу, втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули.