Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, Црна Гора, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана експлозивна направа, објавија „Вијести“ повикувајќи се на извори во Полициската управа.
Едно лице загинало на местото на нападот. Според извор од врвот на полициската управа, второто лице им подлегнало подоцна на повредите Според медиумот и двете жртви биле членови на криминална група.