Две цистерни со нафта излетаа од шините на пругата во Србија

Две цистерни полни со нафта излетаа од шините на железничката делница Ваљево–Косјериќ, во близина на селото Ражана во Србија. Според првичните информации, цистерните биле при крајот на товарна композиција што се движела кон Косјериќ.

Причините за инцидентот засега не се познати, а надлежните служби вршат увид и процена на ризикот од загадување, вклучително и можноста за истекување нафта. Дополнителни детали се очекуваат по завршување на инспекцискиот записник.

Зачлени се на нашиот е-билтен