Две лица загинаа, 39 повредени при судир меѓу автобус и камион во Хургада

Две лица загинаа, а 39 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово кај египетскиот град Рас Гариб, во близина на Хургада, соопштија египетските власти.

Според првичните информации, во судирот учествувале туристички автобус и камион, а меѓу повредените има и странски државјани.

Во соопштението на локалните власти се наведува дека загинале возачот на автобусот од локална туристичка компанија и уште едно лице, чиј идентитет засега не е објавен.

Повредените пренесени во болници

Поради сериозноста на несреќата, на местото веднаш пристигнале возила на итна помош, кои ги пренеле повредените во болниците во Хургада и околните градови.

Според податоците на Генералниот конзулат на Русија во Хургада, во несреќата загинала една руска државјанка, а 27 други Руси се повредени. Петмина од нив се хоспитализирани со потешки повреди

Автобусот се движел кон Каиро

Според прелиминарните информации од конзулатот, автобусот се движел од Хургада кон Каиро кога дошло до судирот со камион.

Причините за несреќата засега не се познати, а египетските власти спроведуваат истрага за утврдување на околностите.

Зачлени се на нашиот е-билтен