Анкета на агенците Ројтерс и Ипсос укажува дека две третини од испитаниците сметаат дека политичарите во Вашингтон не можат престанат со политичките караници и да ги вршат своите работни задолженија.
Анкетата е направена отакко федералната влада за малку не избегна блокада и водеачката партија во Претставничкиот дом за првпат во историјата на Конгресот го разреши својот спикер.
Спред анкетата извршена вчера, 64 отсто од испитаниците, вклуувајќи 61 отсто од демократите и 66 осто од републиканците, не се согласуваат со тврдењето дека конгресените можат „да ги стават настрана партиските несогласици во благо на земјата“.
Околу 27 отсто од испитаниците во онлајн анкетата се согласиле со ова тврдење, а девет отсто кажале дека не го знаат одговорот на ова прашање. Огромно мнозинство кажале дека слушнале за блокадата, додека 13 отсто од учесниците рекле дека не знаат за тоа.
Само 43 отсто од испитаниците се согласуваат со тоа дека Конресот е способен да ја извршува својата основна функција – да донесува закони со чија помош владата функционира. Додеак 47 отсто кажале дена не се согласуваат со тоа.
Во изминатите десет години споровите меѓу републиканците и демократите довеле до тоа три пати да има блокада на федераната влада. На почетокот на годинава федералната влада беше пред стечај по спорот како да се сервисира државниот долг од 31.4 трилиони долари.
Неделава, внатрешни пресметки во Републиканската партија резултираа Претставничкиот дом да изгласа разрешување на спикерот Кевин Мекарти, отако тој со помош на гласовите на демократите прифати нацрт-закон со што се избегна на блакода на владата.