DW: Албанија доби виртуелна министерка без правен основ и одговорност

Во Албанија се појави првата виртуелна министартка за вештачка интелигенција, наречена „Диела“ (што на албански значи „Сонце“). Премиерот Еди Рама ја претстави како симбол на нова ера во која јавните фондови ќе бидат 100% транспарентни и некорумпирани.

Дигиталната фигура, облечена во албанска народна носија, се појавуваше на владините екрани, но без тело, потпис или пасош – без можност да носи правни или политички одлуки.

Правни проблеми

Дијела нема уставен или законски основ. Албанскиот устав бара секој член на владата да биде физичко лице со можност за учество во дискусии, гласање и носење одговорност. Сега, според уредбата, премиерот Рама лично е одговорен за функционирањето на виртуелната министартка, што значи дека контролата е централизирана и недефинирана правно.

Правниот експерт Сокол Хазизај истакнува: „Идејата за ‘министер за вештачка интелигенција’ нема уставна основа. Министерот е одговорен пред граѓаните – алгоритмот тоа не може да го замени.“

Непознати податоци и транспарентност

Владата не објави детали за податоците на кои е обучувана Дијела, ниту за кодот и надзорот. Според IT експертот Бесмир Семанај, Дијела сега е само чет-бот, иако може да поддржува владини одлуки ако е правилно надгледувана.

Европскиот закон за вештачка интелигенција класифицира вакви системи како високоризични, барајќи човечки надзор. Албанија, како кандидат за ЕУ, се обврзала да го усогласи законодавството, но засега нема регулативи за одговорност.

Политичка демонстрација

Презентацијата на Дијела во парламентот на 18 септември предизвика контроверзии. Одзивот на опозицијата беше моментално напуштање на седницата во знак на протест. Професорот Артан Фуга оценува дека Дијела не е технолошки напредок, туку политички потег за одвлекување внимание.

Тој предупредува дека виртуелната моќ не смее да ја замени човечката одговорност: „Алгоритмите можат да обработуваат информации, но не можат да носат морални одлуки. Кога техничката рационалност ќе биде над политичката одговорност, ризикуваме да го избришеме самиот концепт на демократија.“

Извор: Deutsche Welle (DW)

Зачлени се на нашиот е-билтен