Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Е па Левица, ај од Енвер Хоџа па поскоро кај Путин!

ДИЈАНА ТАХИРИ 

Претставници на Левица вчера го посетија гробот на албанскиот диктатор  Енвер Хоџа, по повод годишнината од неговата смрт и објавија неколку фотографии на  официјалната Фејсбук страница на Левица. Реакциите од Фејсбук корисниците на Северна Македонија беа  бројни, саркастични до хумористични. И нема ништо спорно во оддавањето почит на некој идеолошки херој, но, доколку е идеолошки. Левичарски. Комунистички. Што исто така не е ниту спорно ниту страшно само по себе и како поим и како движење и како политички правец.

Но, знаејќи го Енвер Хоџа како еден од најголемите диктатори во Европа по втората светска војна, човекот кој безмилосно уништувал човечки животи, човекот кој повеќе од 40 години  ја држеше државата исклучително изолирана од светот , човекот под  чија  команда биле убивани интелектуалци кои иднината на Албанија ја гледале во светски рамки, и да не ја должам, човекот кој како наследство остави над 170, бункери низ целата земја, кои и ден денеска се потсетник на неговиот режим, почитта на Левица кон Хоџа не е од идеолошки побуди. Освен во поврзаноста на Хоџа во одредено време  со тогашниот  СССР- сега Русија, и со Кина.

Она што највеќе треба да не загрижува како општество во однос на Левица, освен уште милион чуда што секојдневно ни се приредуваат од сите можни и неможни политичари, но тука ќе се задржам на Левица и сите што ја поддржуваат, и ќе повторам како пред точно една година, е фактот во Собранието имаме про-фашистички елементи изгласани од граѓани, кој  кажува дека или граѓаните што ги гласаат не препознаваат зло, или и самите се дел од злото, а судејќи по добар дел реакции од граѓани – силни поддржувачи на тотално обратната ориентација на политичкиот субјект од тоа што се нарекува (Левица) и не само на Левица, сосема се во иста ментална матрица.

Што е уште позагрижувачко од нивната посета на гробот на Енвер Хоџа.

Лично, им посакувам во најскора иднина, на ист начин, да му оддадат почит на нивниот најголем херој, Путин.


 Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

Зачлени се на нашиот е-билтен