Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕЦБ: Геополитичките тензии ја загрозуваат стабилноста на еврозоната

 Геополитичките тензии и несигурноста на политиките во годината во која има многу избори во светот претставуваат ризици за финансиската стабилност на еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ нагласи дека условите се подобрени од нејзината последна проценка.

„Краткорочниот ризик од длабока рецесија придружена со зголемена невработеност – главен извор на загриженост пред шест месеци – е многу помал од денешна перспектива“, рече потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гуиндос.

Институцијата со седиште во Франкфурт соопшти дека економската перспектива била помогната од падот на инфлацијата, која во април изнесуваше 2,4 отсто, не далеку од нејзината цел од два отсто.

Очекувањата дека ЕЦБ наскоро ќе започне со намалување на каматните стапки, исто така, ја зголеми довербата на инвеститорите, соопшти централната банка за 20-те земји кои го користат еврото.

Но, Де Гиндос предупреди дека изгледите остануваат „кревки“.

„Геополитичките тензии се значаен извор на ризик не само за финансиската стабилност на еврозоната, туку и за глобалната финансиска стабилност“, рече тој. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира