Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Едит Инотаи за Рацин.мк: Орбан сака да го шири својот автократски рецепт во Европа, на Западен Балкан, па дури и во САД

Во 2010 година најмладиот премиер од земја-членка на ЕУ, Виктор Орбан според оценката на „Би-Би-Си“ ја трансформираше Унгарија во она што Европскиот парламент го нарече „хибриден режим на изборна автократија“, а самиот тој ја опишува како мешавина од „нелибералната демократија“ и „христијанската слобода“.

Орбан е во постојан судир со останатите земји-членки на Унијата околу мигрантското прашање и војната во Украина, го турна неговиот идеолошки „бренд“ составен од идеите на француската крајна десница (Национален фронт), шпанската левица (Подемос), новите конзервативни лидери на Полска, италијанскиот социјалистички премиер Матео Ренци, ториевците во Британија и Доналд Трамп во САД.

Орбанизмот е сличен и на другите автократски владеења во европа Европа – во Русија (путинизам) и Турција (ердоганизам). Неговата влада ги кутна невладините организации, независните медиуми и судството на начини на кои Путин и Ердоган би им се восхитувале. Слично како и овие двајца, конфронтацискиот стил на Орбан со противниците, домашни и странски, ја зацврсти неговата популарност дома, пишува „Политико“.

Орбан вели дека неговиот народ повеќе ја претпочита стабилноста и силното лидерство отколку либерализмот, декадентната алтернатива што по падот на Берлинскиот ѕид се претвори, како што кажува тој во едно интервју за „Политико“, во тиранија на „политичка коректност“ и „мејнстрим политика“.

Орбан смета дека либералната демократија веќе не е глобално конкурентна, посочувајќи ги Сингапур, Русија, Турција, Индија и Кина како успешни политички системи кои не се западни и либерални.

Мораме да ги напуштиме либералните методи и принципи на организирање општество, како и либералниот начин на гледање на светот, вели Орбан.

Со својот самопрогласен нелиберализам, Орбан, како Путин со нападите на истрошениот либерализам, им постави замка на своите критичари. Наместо да се занимаваат со систематското партиско киднапирање на државата и економијата и формирање на автократија наклонета кон олигархија по руски модел – критичарите на Орбан се вовлечени (или воинствено навлегуваат) на неговото омилено бојно поле: културата и моралот.

Орбан и неговите сојузници тврдат дека либералите кои ја слават различноста и толеранцијата се всушност зилоти решени да го уништат традиционалниот начин на живот. Тие многу добро знаат дека овие либерални нихилисти (терминот на Орбан) немаат никакво влијание врз одлуките на земјите – членки на ЕУ во однос на абортусот или имиграцијата, но како и многу екстремно десничарски популисти тие вешто создаваат впечаток на заедница заснована на имагинарно колективно страдање. Оние кои наводно и посакуваат штета на Унгарија се менуваат со текот на времето: една година тоа се мигрантите, потоа Џорџ Сорос, па Брисел.

Единствена константа е иизмислената смртна опасност што и се заканува на нацијата, пишува Јан-Вернер Милер во „Гардијан“.

За состојбите на медиумите во Унгарија, политиките на Орбан и неговиот интерес во Западен Балкан во ексклузивен разговор за Рацин.мк, Едит Инотаи, кореспондент на БИРН во Будимпешта ни открива интересни детали.

Мојата состојба во Унгарија и не е толку лоша бидејќи работам за странски медиуми. Но фрустрирачки е за моите колеги кои работат во унгарски медиуми, понекогаш е многу фрустрирачки затоа што обично не добивате никакви одговори. Колегите и не успеваат да направат новинарска сторија, колку и да сакаат да бидат објектвини не добиваат никави информации од Владата, а тоа трае во последните 14 години, вели таа.

Според Инотаи причината е што унгарската влада гледа на критичките новинари како еден од нивните најголеми непријатели.

Како што појаснува таа Орбан сака да го шири својот автократски рецепт во Европа, на Западен Балкан, па дури и сега во САД, каде што има многу блиски контакти со Трамп и фондациите или интелектуалната позадина на кампањата на Трамп.

-Мислам дека на Орбан малку му здодеаја унгарските внатрешни прашања бидејќи е реизбран и четрврти пат, па тој почувствува дека Унгарија е премала за него и тој мора да ги продаде своите големи идеи на светот. И всушност е пречекан од многу политичари кои ги имаат тие авторитарни или автократски тенденции, бидејќи тој е шампион на власт 14 години. Не многу политичари го имаат тоа во Европа. Па тие само гледаат на Орбан и се обидуваат да го копираат неговиот режим за да ја одржат власта, појаснува Инотаи.

Таа додава дека Западен Балкан е традиционално важен за унгарската надворешна политика.

-Наш витален интерес е овие земји се стабилни, во кои овие земји стануваат членки Европската унија во одреден момент. Така што мислам дека ова е валиден аргумент дека Унгарија го промовира пристапувањето на земјите од западен Балкан во Европската унија, вели Инотаи.

Сепак како што додава таа Орбан има посебни врски со одредени политичари на Западен Балкан со Србија, со Република Српска и сега со Северна Македонија, бидејќи тие се предводени од политичари кои се многу слични со Орбан.

-Значи, тој всушност сака да има сојуз во Западен Балкан од истомисленици политичари и тој е подготвен да им даде пари на тие политичари кои всушност би можеле да ги стабилизираат нивните јас политички или нивните влади таму и исто така го отворија патот за некои унгарски инвестиции во регионот, вели таа.

Според Инотаи посебно интересен е заемот за Северна Македонија бидејќи штотуку беше откриено во Унгарија во почетокот на летото што Унгарија го зеде заем, го зеде заем од 1 милијарда евра од Кина.

-И тогаш се чини дека половина од тој заем оди на Северна Македонија, можеби дури и на втората половина од неа подоцна оваа година. Значи, многу луѓе шпекулираат овде, што може да биде причината за тоа? Дали Унгарија навистина е само посредник за Кина во овој бизнис или што навистина се случува? Тоа навистина нема смисла од буџетска перспектива земја која трпи тешка економска криза како Унгарија да дели поволни кредити на трети земји. Значи сето тоа е многу матно и нема транспарентност, додава Инотаи.

Секако за крај прашавме и што се случува со поранешниот премиер бегалец Никола Груевски, таа посочи дека има гласини дека е советник на Орбан, претходно работел и за Министерството за надворешни работи како специјален советник.

-Имаше голема возбуда кога избега, кога се засолнил во Унгарија. Но, оттогаш никој навистина не се грижи за него. Не е во унгарската јавна сфера, отвори бизнис некаде надвор од Будимпешта, но всушност тоа е само празна куќа, па никој навистина не знае каде е, рече Инотаи.

Зачлени се на нашиот е-билтен