Германија долго време се соочува со недостиг на работна сила и во 2022 година, 25 отсто од нејзиното вработено население го сочинувале луѓе со мигрантско потекло, но уделот на тие со потекло од други земји варира по професија, соопшти денеска Германскиот сојузен завод за статистика.
На работните места за чистење и одржување таа година, дури секој шести работник во Германија (60 отсто) имал мигрантска историја, а тие се застапени и натпросечно во гастрономијата со 46 отсто, објави заводот врз основа на микроцензусот спроведен таа година.
Во гастрономијата, дури 51 отсто од готвачките имаат потекло од странство.
Според дефиницијата на Заводот за статистика, лица со мигрантска историја се сметаат за лица кои самите или чии родители двајцата дошле во Германија по 1950 година.
Таквите Германци сè уште се недоволно застапени во полицијата и судството, со само 6 отсто, а само 11 отсто во образовните професии.
Учеството во вкупниот број на вработени од 25 отсто се однесува на сите лица со мигрантска историја на возраст од 15 до 64 години и е нешто помало од нивното учество во вкупното население кое изнесува 28 отсто.