Една земја во ЕУ целосно го забрани одгледувањето живина: Причината е стравот од ширење на опасен вирус

Досега, во Шпанија се потврдени 14 случаи на птичји грип, од кои половина во регионот Кастиља и Леон, додека вкупно 139 случаи се регистрирани во Европа од јули.

Министерството за земјоделство на Шпанија нареди итна забрана за одгледување живина за да се спречи ширењето на птичји грип

Одлуката ги проширува претходните мерки, кои бараа живината во областите со висок ризик да се чува во затворен простор, објави Ројтерс.

Досега, во Шпанија се потврдени 14 случаи на птичји грип, од кои половина во регионот Кастиља и Леон, додека вкупно 139 случаи се регистрирани во Европа од јули.

Новата наредба ги опфаќа сите фарми, вклучувајќи ги органските и малите производители.

Мешањето на патки и гуски со друга живина, користењето на нетретирана површинска вода и организирањето саеми или изложби за птици се забранети.

Зачлени се на нашиот е-билтен