Во големиот пожар што неколку часа беснее во населбата Лозаново во Крива Паланка, едно лице трагично го загуби животот.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдија информацијата за пронајдено починато лице, но засега не се соопштуваат повеќе детали, бидејќи увидот е сè уште во тек.
„Денеска (09.07.2025), полициски службеници од ОВР Крива Паланка пронајдоа починато лице во близина на пожарот во населбата Лозаново. Увидот се врши во присуство на јавен обвинител,“ информираат од МВР.
Пожарот продолжува да се шири и состојбата останува сериозна. Локалните власти и службите за итни интервенции се на терен и апелираат за претпазливост и соработка од страна на граѓаните.