Постојат многу начини да ги заштитите нозете од студ, а една стара руска метода, која некогаш ја користеле војниците, е едноставна, брза и евтина.
Прво, важно е да носите обувки кои не се тесни – идеално е да бидат барем пола број поголеми. Кога стапалата немаат простор за „дишење“, циркулацијата се намалува и воздухот во обувката исчезнува.
Исто така, треба да бидат суви – затоа пред да ги облечете чизмите или обувките, ставете антиперспирант на стапалата за да се спречи потење. Можете да користите и водоотпорен спреј кој ги штити обувките од вода, снег и кал.
Рускиот воен трик:
Под оригиналната влошка во обувката, додајте уште една влошка направена од алуминиумска фолија. Можете да користите и специјална рефлектирачка фолија која се продава во продавниците за градежни материјали и дава подобар ефект. Исцртајте го обликот на фолијата според оригиналната влошка и исечете ја.
Најважно е фолијата да се стави пред оригиналната влошка, за да ја изолира студената подлога. Ако ја ставите поинаку, може да дојде до кондензација и влажност на стапалата. Уште подобро е да ја замените оригиналната влошка со нова – од филц.
Со овој едноставен трик, дури и по најсилниот снег, вашите нозе ќе останат топли и суви.