Египет повторно ја отвора иницијативата за формирање заеднички арапски воени сили по моделот на НАТО, пишува либанскиот весник „Ахбар“, повикувајќи се на неименуван извор во Каиро.
Иако предлогот првпат бил изнесен пред девет години, досега не се остварил. Но, според весникот, последниот израелски напад врз лидерите на Хамас во Катар ѝ дал нова тежина на идејата.
Планот на Каиро предвидува мобилизација на околу 20.000 египетски војници, со можност за учество и на други арапски држави како Мароко и Алжир, како и заедничко делење на командни позиции. Египет инсистира на првото командно место, додека второто би му било доделено на Саудиска Арабија или друга земја од Заливот.
Целта е создавање механизам за брза реакција – сила која може да се активира при напад врз која било арапска државa.