Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕК ќе одвои 1,8 милијарди евра за хуманитарна помош за 2024 година 

 Во услови на зголемена потребна од хуманитарна помош ширум светот, при што се проценува дека таа им е неопходна на речиси 300 милиони луѓе, Европската Комисијата усвои првичен годишен хуманитарен буџет од повеќе од 1,8 милијарди евра за оваа година, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и кризен менаџмент Балаш Ујвари. 

Од овие средства, како што јави дописникот на МИА од Брисел, околу 115 милиони евра ќе бидат насочени кон Југоисточна Европа и европското соседство, приоритетно за справување со последиците на руската агресија врз Украина, како и за финансирање проекти за тековните потреби на земјите од Западниот Балкан и реонот на Кавказот и за надминување на ефектите од минатогодишните земјотреси во Сирија и Турција. 

Ујвари најави дека од вкупната хуманитарната помош на Европската комисија во 2024 година, речиси 470 милиони евра ќе бидат распределени на Блискиот Исток и Северна Африка за покривање на екстремните хуманитарни потреби во Газа, за палестинските цивили, како и за потребите поврзани со конфликтите во Сирија, Либан, Јемен и соседните земји. 

– Речиси 200 милиони евра се наменети за решавање на последиците од присилното раселување, недостигот на храна, акутната и хронична неухранетост, природните опасности и епидемиите во Сахел – Буркина Фасо, Мали, Мавританија и Нигер, Централноафриканската Република и басенот на езерото Чад – Чад, Камерун и Нигерија, кои се поттикнати од конфликтите, несигурноста и климатските промени, нагласи Ујвари.

Два лета од Бриндизи треба да полетаат денеска и утре со 55 тони производи донирани од ЕУ за Светската програма за храна. Дополнително, следната недела од Букурешт треба да полетаат уште три

Дополнително, околу 346 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на лицата погодени од долгорочните вооружени конфликти и екстремни временски услови во Источна и Јужна Африка, меѓу кои и во Судан, Јужен Судан, Уганда, Мадагаскар, Мозамбик, Џибути, Етиопија, Кенија и Сомалија. 

Хуманитарна помош од 186 милиони евра ќе бидат одвоени за помош на најранливите популации во Јужна Азија и на Пацификот, насочени главно кон хуманитарниот одговор во Мјанмар, Бангладеш и Филипините, како влијанието на климатските промени во регионот. 

Вкупно 111,6 милиони евра ќе бидат одвоени за Централна и Јужна Америка и Карибите, како одговор на влијанието на кризите во Венецуела и на Хаити, хуманитарните последици од вооружениот конфликт во Колумбија, како и на насилство во Централна Америка, Мексико и Еквадор и на честите природни опасности. 

Околу 315 милиони евра се резервирани за одговор на итни случаи и непредвидени хуманитарни кризи кои може да се појават во текот на годината, а над 98 милиони евра ќе бидат посветени на активности, иновативни проекти и политички иницијативи, како на пример на повеќегодишните програмски партнерства и зголемување на капацитетот за реакција. 

По повод одлуката, комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, посочи дека Европската комисија ќе продолжи да финансира хуманитарни акции за поддршка на најранливите категории лица независно во кои дек на светот и да се наоѓаат. 

Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, повика сите страни во јеменскиот конфликт да дозволат пристап за хуманитарната помош во оваа земја, Европската Комисија денеска одржа соста

– Како што влегуваме во 2024 година, јазот помеѓу хуманитарните потреби и расположливите ресурси продолжува да се зголемува. Во исто време, потребите за финансирање се многу високи, бидејќи конфликтите се множат и климатската криза се влошува. Во 2023 година, јазот во финансирањето достигна ново рекордно ниво, бидејќи не беа обезбедени ниту 40 отсто од потребните 56,7 милијарди американски долари, изјави Ленарчич. 

Според него, во вакви услови, ЕУ ќе продолжи да се залага и да ја мобилизира меѓународната заедница „колективно да го надмине овој алармантен јаз во финансирањето“.  

– Во исто време, ќе продолжиме проактивно да придонесуваме за зајакнување на меѓусекторската соработка, особено со развојните актери, за да се изгради локална отпорност за да се обезбеди спас за оние на кои им е потребна и да се ослободи што е можно повеќе луѓе од зависноста од помош, додаде Ленарчич. 

Тој потенцира дека во 2023 година над 91 отсто од придонесите за хуманитарна помош доаѓаа од само 20 донатори, меѓу кои првите тројца, вклучително и Европската комисија, обезбедија 58 проценти од глобалното хуманитарно финансирање. 

– Оваа глобална заедничка одговорност не може да ја преземе само Европа. Ова е неодржливо. Затоа, од суштинско значење е меѓународната заедница да најде побалансиран и праведен начин за финансирање на хуманитарната помош, во согласност со можностите на секоја поединечна земја, заклучи Ленарчич. 

Европската комисија од 1992 година има обезбедено хуманитарна помош во над 110 земји, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот секоја година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира