– Европската комисија испрати до Европскиот парламент и до Советот на министри на ЕУ амандман на предлогот за либерализација на визите за ЕУ за жителите на Косово, со кој ќе им се овозможи и на граѓаните со српски пасоши во Косово да патуваат во Шенген зоната, јави српската новинска агенција БЕТА.
ЕУ без визи од 1 јануари, изјави денеска неименуван претставник ЕК.
Тој додаде дека ЕК предложила „либерализацијата на визниот режим на ЕУ да ги вклучи сите граѓани на Западен Балкан, што ќе им овозможи на Србите од Косово кои имаат српски пасоши да патуваат без визи на територијата на ЕУ“.
Портпаролот на ЕК додаде дека за ова сега треба да се изјаснат и ЕП и Советот на ЕУ и оти треба да се дополни предлогот за воведување визна либерализација на ЕУ за жителите на Косово од јануари 2024 година.