Екатерина Захариева од ГЕРБ остана единствен кандидат за еврокомесар од Бугарија, пренесува Радио Слободна Европа на бугарски јазик објава на премиерот Димитар Главчев социјалните мрежи.
Захариева беше еден од двајцата кандидати, заедно со поранешниот еко-министер Јулијан Попов од ПП-ДБ, кого официјалниот кабинет го избра во согласност со барањата на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, дека секоја од земјите-членки предлага по еден маж и една жена за работно место во оваа институција на ЕУ. Фон дер Лајен мораше да спроведе дополнителни интервјуа пред да се реши за една од двете апликации.
Екатерина Захариева е пратеник на ГЕРБ. Во текот на претходните години таа беше на различни функции во владите на премиерот Бојко Борисов. Во неговиот прв кабинет, таа беше заменик министер за регионален развој и јавни работи, во вториот – министер за правда, во третиот – за надворешни работи. По образование е правник.
ГЕРБ е член на Европската народна партија (ЕПП), во која членува и Урсула фон дер Лајен и која доби најголема поддршка на европските избори во јуни.
Се’ уште не се знае какво ресор ќе добие Бугарија, односно Захариева, во новиот состав на Европската комисија.