Екс функционерот на ДУИ, Бејта, како кандидат за градоначалник на Вреди, најави нова ера на транспарентно управување

„На 11 јануари, на оваа лоша власт ќе ѝ дојде крајот. Ќе се врати чесната, транспарентна работа во служба на граѓаните“, порача Бејта, најавувајќи крај на, како што рече, системот на криминал и урбана мајија и најавувајќи дека секој што злоупотребил јавни средства ќе сноси одговорност, рече Бејта при отворањето на изборниот штаб

Поранешниот висок функционер на ДУИ, Невзат Бејта, по промената на партискиот дрес во кандидат за градоначалник од редовите на Вреди, официјално ја стартува својата кампања за повторените локални избори во Гостивар. тој денеска свечено го отвори изборниот штаб, каде што ги презентираше своите клучни проекти за развој на градот. На присутните, Бејта изложи амбициозни планови за Гостивар во следните четири години, вклучувајќи отворање на нов главен булевар, изградба на алтернативен пат што ќе го поврзе Форино со градот – со цел да се намали сообраќајниот метеж, особено во периодите на поголем прилив на жители и гости.


Во остар тон, тој упати критики кон досегашното локално раководство, тврдејќи дека во претходниот период биле направени злоупотреби на средства, со значително повисоки трошоци за инфраструктура и недоволно реализирани капитални проекти. Бејта нагласи дека долгот на општината изнесува над 30 милиони евра, при што наплатата од комунални такси и дозволи достигнала околу 27 милиони, без јасно објаснета намена на тие средства.


„На 11 јануари, на оваа лоша власт ќе ѝ дојде крајот. Ќе се врати чесната, транспарентна работа во служба на граѓаните“, порача Бејта, најавувајќи крај на, како што рече, системот на криминал и урбана мајија и најавувајќи дека секој што злоупотребил јавни средства ќе сноси одговорност.


На отворањето зборуваше и Азир Алиу, кој истакна дека Бејта има капацитет и искуство да го води Гостивар кон подобри услови за живот, како и претседателот на централниот изборен штаб, Аднан Азизи, кој ја пофали одлучноста за политичка сигурност и стабилност.


Локалниот штаб ќе го предводи Бахар Шабани, кој ќе ја координира кампањата до изборниот ден на 11 јануари 2026 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен