Пивоваров: Снимката со Трендафилов индицира на работа на безбедносните служби

Трендафилов

Снимката со Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ, е професионална, индицира на работа на безбедносните служби, смета поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров, во разговор за Рацин.мк за за видеото кое на социјалните мрежи го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Нашиот соговорник упатува на тоа дека снимката дефинитивнио не е аматерска. Снимена е од статив, со камера, а не со телефон на што алудир форматаот (16:9), а не вертикален формат со каков што начесто се снима од мобилен телефон. Снимката е апсолутно мирна, нема тресење што упатува на тоа дека е употребена постапка за да нема ниту најмал ризик.

Видеото има јасна острина и контраст, што исто така е резултат на професионална „рака“, толкува безбедносниот експерт за Рацин.мк.

Такви снимки службите прават од автомобили со затемнети, посебни, стакла, кои овозможуваат чист поглед кон надвор и добро снимање, а кон внатре не се гледа ништо, објаснува Пивоваров за нашиот портал.

Опрема за ваков вид на следење имаа само АНБ и Јавна безбедност на МВР, посочува безбедносниот експерт.

На прашањето како една ваква снимка, ако потекнува од службите стигнала до пратеничката Стојаноска, Пивоваров вели дека тоа е работа на надлежните и обвинителтвото треба веднаш да преземе истрага.

Стојаноска, вели нашиот соговорник, ќе мора да објасни од каде и е снимката, а дополнителна тешка околност за неа во овој случај е што, можеби, го крши и членот на КЗ кој забранува демнење и претставува кривично дело за кое се предвидени 3 до 5 години затвор.

Во кривичниот закон „Демнење претставува дејство на следење, прогонување или на друг начин мешање во личниот живот на друг, или со него воспоставување или настојување да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психичко злоставување, вознемирување или застрашување и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице.“.

Видеото што го објави Стојаноска дефинитивно е вознемирувачко за Слободан Трендафилов, и особено вознемирувачкка за неговите деца, со што се исполнува последната реченица од членот на законот за демнење кој вели: „… со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице.“

На прес-конференцијата од 11 февруари 2026, Трендафилов тврдеше дека неговите деца биле следени и снимани, и побара кривичен прогон за лицата што стојат зад тоа, со оценка дека ваков случај би требало да предизвика политичка одговорност. Дополнително, тој јавно го прозва Министерство за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски со прашање дали „службите“ го следат него и неговото семејство, наведувајќи дека притисокот трае повеќе од една година.

Зачлени се на нашиот е-билтен