Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Експертот по безбедност Ѓиниши предупредува дека меѓу имигрантите кои ќе дојдат во прифатните центри во Албанија може да има и членови на ИСИС

 Познатиот албански експерт за безбедност, Ермир Ѓиниши, искажа загриженост во однос на потпишаниот договор меѓу Албанија и Италија, за изградба на прифатни центи за имигранти, бидејќи „доаѓањето на имигрантите од Африка може да донесе со себе и опасни експоненти, како што се случи во други земји“.

Додава дека многу членови на ИСИС се камуфлираат со овој вид имигранти за да се прошират низ светот и нагласи дека не е против соработка со партнерите, но тоа треба да се направи во рамки на капацитетот.

-Не сме против соработка со партнери, но тоа треба да биде во рамки на капацитетите. Само оваа година во Лампедуза беа заробени 50 експоненти на ИСИС, кои беа инфилтрирани меѓу другите имигранти. Каде ќе одат? Тие ќе се шират низ светот. Запомнете дека имиграцијата е најдобрата камуфлажа за овие луѓе. Во овој дел воопшто не сме заштитени. Изјавите дека имаме полицајци кои ќе го чуваат кампот е празна приказна, изјави Ѓиниши за euronews.al.

Меѓу другото, тој со оценка дека „Албанија е земја на трговија со луѓе“ и ја обвини власта дека ги „крие убиствата што ги извршиле Иранците во МЕК, каде што жртвите потоа биле фрлани во резервоари“.

-Нападите што беа извршени во Париз и други европски земји ги извршиле африканци. Имаме земја која има вознемирувачки бројки за трговија со луѓе. Албанија е земја на недозволена трговија. Знам што значи да дојдат 10 луѓе од ИСИС во земјава. МЕК не бил терористички чин? Знам колку припадници на МЕК ги убиле. Иранците и ги фрлиле во резервоари. Нашата држава ги прикрива овие приказни, рече Ѓиниши .

Италија, според договорот, што во понеделникот го потпишаа премиерите на двете земји, на албанска територија ќе гради два прифатни центри, еден во пристанишнот град Шенѓин и еден во Ѓадр, во кои годишно би се сместиле 36 илјади, или месечно по три илјади, додека чекаат одговор на барањата за азил во Италија.

Во близина на пристанишниот град Драч фукцонира камп во кој се сместени над три илјади муџахедини. Првите членови на иранската опозиција, пристигнаа во Албанија во 2013 година, на крајот од вториот мандат на Сали Бериша како премиер на земјата.

Тогаш Владата на Бериша објави дека одлучилe да вдомат 210 муџахедини и оваа одлука беше финализирање на обврската што официјална Тирана ја презеде при посетата на американската државна секретарка Хилари Клинтон на Албанија во 2012 година.

Посветеноста на Албанија во односот со Соединетите американски држави, ја испочитува и социјалистичкиот лидер Еди Рама, кој ја презеде функцијата премиер во септември 2013 година. Албанија до 2016 година ја засолни целата група од 3.000 муџахедини, кои беа во камп во Ирак. 

Зачлени се на нашиот е-билтен