Нема повредени во силниот пожар што избувна синоќа (среда, 24 септември) околу 23 часот, меѓу зградите во близина на скопскиот Зелен пазар. Огнот започнал по експлозија која ја слушнале станарите, а потоа бил зафатен паркиран хибриден автомобил „БМВ Х3“.
Од пламените јазици е оштетен и „Цитроен Ц4“, а пожарот зафатил и дел од покривот на маркет на пазарот.
Пожарникарите навремено интервенираа, па околу полноќ пожарот бил локализиран, додека на терен дежурале и полициски единици кои го обезбедуваа местото.
Се чека официјална информација во текот на денот?