Експлозија во Велгошти: повредена жена, пожарот спречен во последен момент

Разорна експлозија одекна денеска, 6 февруари 2026 година, во семејна куќа во охридското село Велгошти, по што на терен интервенирала ТППЕ Охрид за санација на последиците.

Според информациите од противпожарната служба, експлозијата била предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и други фактори кои придонеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите било спречено опожарување на објектот, а повредена е една жена која била преземена од екипа на Итна медицинска помош.

Засега нема дополнителни официјални детали за степенот на повредите или за тоа дали во моментот на експлозијата во куќата имало други лица. Не е соопштено ниту дали на местото е извршен увид и дали ќе следи вештачење за точната причина и околностите што довеле до експлозијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен