Пожарот гореше ниска вегетација и интервенираа 110 пожарникари со пет пешадиски тима 30 возила, волонтери и цистерни од општината, како и 11 авиони и осум хеликоптери од кои еден за координација, со што беше изгасен и не беше потребна евакуација на граѓаните.
Во Грција и понатаму се активни пожарите во Кожани и на островот Китира, каде што денеска имаше нови разгорувања.
На Китира беа испратени две пораки од бројот 112 за евакуација на сите оние кои се наоѓаат во близина на две населени места.
Пожарот на Китира е активен од саботата, а според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, заклучно со вчера напладне изгореле 2.680 хектари.
Во пожарите во саботата во близина на Атина и на островот Евија изгореле 1.280 хектари.